Турција ја обвини Грција дека обучува терористи

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Анкара ја обвинува Грција за обука на терористи.

Атина, од друга страна, го брани суверенитетот на островите во Егејското Море со поддршка од француското претседателство со Европската унија.

„Во Грција нема воени бази за обука на терористи“, му рекол грчкиот министер за одбрана Теодорикакос на турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Анкара да престане со провокациите“, одговорија парламентарните партии.

Тензиите меѓу двата соседа ескалираа по изјавата на турскиот претседател Ердоган дека нема да преговара со премиерот Мицотакис.

Анкара се залага за демилитаризација на делови од островите во Егејското Море. Атина рече дека „никој нема право да го доведува во прашање суверенитетот на Грција над островите“.

Францускиот претседател Макрон ја поддржа грчката страна.

Грчкото Министерство за миграција соопшти дека очекува „жешко лето“ со мигрантски притисок од Турција.

Слични содржини