Бугарски историчари и филолози со Меморандум до ЕУ за С.Македонија: „Франција гарантира“ навистина не ни изгледа толку сериозно

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Историчари и филолози од „За Македонија“ денеска до сите земји од ЕУ поднесоа Меморандум, пренесе БНР.

Ги содржел „научните аргументи“ кои ја поткрепуваат бугарската позиција во врска со наметнатото вето на Република Северна Македонија. Вклучени биле и конкретни примери на говор на омраза и прекршување на Договорот за соседство во Скопје.

Делегација на бугарски научници ќе го посети Стразбур меѓу 6-ти и 8-ми јуни за да го претстави меморандумот и да ги убеди европратениците во „правичноста на бугарската кауза“.

Проф. Ана Кочева ги повика бугарските политичари да покажат лидерство и да не отстапуваат од досегашниот дефинитивен став.

„Верувам дека ако сите наши аргументи, вклучително и, се разбира, научните, се поврзани со одбраната на правата на нашите сограѓани во Република Северна Македонија и напорите што мора да се направат за да се надмине говорот на омраза и со давање повеќе гас на инфраструктурните проекти, ако сето тоа однапред се вгради во преговарачката рамка, ако однапред се постават овие барања, ќе имаме можност за посилни гаранции откако ќе почне преговарачкиот процес, бидејќи извинете, но засега „Франција гарантира“ навистина не ни изгледа толку сериозно“, истакнува Кочева.