Германскиот гигант Баерн (Минхен) стапил во контакт со италијанскиот клуб Наполи за да добие информација за можноста да го купи нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, тврди „Кориере дело Спорт“.
Според италијанското издание, Баварците во лицето на Осимен гледаат добра опција за потенцијална замена за полската ѕвезда Роберт Левандовски. Сепак, Наполи нема намера да се раздели со Осимен за помалку од 100 милиони евра.
Се чини дека Баерн веќе работи на пронаоѓање замена за Левандовски, кој активно бара начин да си замине од „Алијанц Арената“ ова лето. Со трансфер во Баерн се поврзува и сенегалскиот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, кој се чини дека цели кон нов предизвик по шест сезони минати на „Енфилд“.
Осимен во сезоната 2021/22 постигна 18 гола и забележа 6 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања.