Димовски: Јавниот сектор е сервис на граѓаните, без него ништо не функционира

од Nikola Popovski
281 прегледи

Минималната плата ни ги отвори вратите, согласно Законот за минимални плати и со тоа се усогласуваат сите плати. Тогаш ја добивме со семасовен протест. Сега зборуваме дека ќе го прекинеме процесот на работа и изразување незадоволство, доколку тоа што го бараме не биде реализирано до 21-ви јуни. Сојузот на синдикати на Македонија ова го бараше уште од 1-ви мај, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Тој потенцира дека прифаќаат линеарно зголемување на платите од 1-ви јули од 2806 денари.

-Износот не е голем, тој е солидарен за да се амортизираат ценовните шокови и инфлацијата. Апелирам до социјалните партнери да не сфатат сериозно. Не се работи за голема сума на пари. Работникот треба да се вреднува. Јавниот сектор е сервис на граѓаните, без него ништо не може да функционира. Во приватниот сектор ни оди подобро. Таму каде што сме синдикално организирани потпишуваме линеарно зголемување на платите. Сите работници да се здружат во кој било синдикат, додаде Димовски на прес-конференцијата, на која најави дека протестираат доколку не се исполнат нивните барања.

Слични содржини