Ахмети: Роденден е на сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја држава, а не како ќираџии како во 2001 година

од Берта Китинска
231 прегледи

Форумот на жени на ДУИ, во рамките на активностите по повод одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на партијата, организираше панел дискусија на тема: „Родовата интеграција во последните 20 години“.

Ахмети порача дека денеска е роденден на сите оние кои придонеле за искоренување на дискриминацијата и градење на еднакво општество.

-Жените се половина од населението, тие имаат дадено придонес во важните процеси, за слободата, за еднаквоста, за демократијата, исто колку и мажите. Секогаш ќе ја имате подршката на ДУИ и додека една вена чука во мене, вие ќе ја имате во континуитет поддршката . Во ДУИ и конгресот направи измени. Ќе биде назначен секретар за еднакви можности кој директно ќе се заложи за правична застапеност, но не процентуално, туку достојна застапеност. Радмила зборуваше за достигнувањата каде сме биле и каде сме денес. Јасна слика беше дадена и во видео материјалите што ги видовме. Но, ова не е се. Денес имаме роденден.

Toj пред присутните потенцираше дека покрај 20-годишнината се слави и албанското знаме, роденденот на универзитетот, роденденот на илјадници административци….

-Денес е роденден на сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја држава, а не како ќираџии како што беа до 2001 година и навистина, навистина ви кажувам кога слушам како опозициските партии леат крокодилски солзи дека толку многу трошиме за овој роденден ДУИ, ми е жал за нив. Денес имаме многу потолерантно општество, на никого не му смета Скендербег во центарот на Скопје, Јосиф Багери, Пјетер Богдани, Неџат Аголи во центарот на Скопје! Тоа значи дека секој дава порака, за една држава која сите треба да ја сакаме. Денес никому не му пречи да го види албанскиот национален херој во центарот на Скопје, никој не го попречува албанскиот јазик, секој ден остануваме во Собрание да дебатираме, понекогаш кажуваат некои фрази против но за политички цели, но работите не можат да се сменат и нема враќање назад. Иднината на оваа земја е ЗАЕДНО да ги придвижиме работите напред. Почитувани жени, сестри, вие бевте составен дел од овие процеси, но секогаш имајте на ум дека сум на ваша страна, на фронтот заедно со вас, борејќи можеби малку повеќе од вас затоа што го ценам придонесот на жените, на мајката Албанка, во времето кога јас дејствував и работев и ги имав соработнички мајките Албанци – истакна Ахмети.

Слични содржини