„Ноќта е најтемна пред зората“: По надминување на кризата, треба да излеземе со посилна и поотпорна економија, вели Бесими

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Ноќта е најтемна пред зората. Така и по надминување на оваа криза, треба да излеземе со посилна и поотпорна економија, концепт кој авторот на „Црниот лебед„, Насим Талеб, го нарекува анти-фрагилност, пишува во својата редовна колумна Фатмир Бесими, министер за економија.

„За стапките на раст да забрзаат потребни се структурни реформи, кои ќе го осигураат истиот. Зелената економија, инвестирањето во човечкиот капитал и дигитализацијата беа издвоени како она на што треба да се работи интензивно за да се постигне забрзувањето.

Кога зборуваме за човечкиот капитал, покрај социјалната сигурност и здравството, особено внимание треба да се насочи кон образованието. Тука се неопходни крупни реформи – од претшколска возраст до високо образование. Мораме да се осигураме дека нашите деца во голема мера ќе го користат својот капацитет во иднина и нема да излегуваат од школските клупи со половично значење. Мора да има систем на заслуги (мерит систем), систем на вреднување и успешност, со кој ќе се поттикнат образовните кадри кон иновативен процес на пренесување на знаење и креирање на нови можности за учениците.

Дигитализацијата е исто така нешто што може да ги забрза процесите, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Треба да трчаме кон технологијата, да ги следиме најновите трендови и иновации, а не да бегаме од неа. Искуството покажале дека земјите кои имаат висок степен на дигитализација забележуваат и подобри економски резултати“, пишува, меѓу другото, Бесими.

Слични содржини