Владата на самопрогласената ЛНР го блокираше пристапот до Вибер

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Владата на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) соопшти дека го блокирала пристапот до апликацијата Вибер бидејќи „непријателот ја користи за воени цели“.

„Вибер е блокиран како дел од воената инфраструктура на непријателот. Почнувајќи од денеска, владина уредба привремено го суспендира пристапот до Вибер“, се вели во соопштението на владата на ЛНР.

Министерот за телекомуникации на ЛНР, Олег Фетосов, рече дека оваа одлука е принудена поради „честите случаи во кои непријателот добива податоци за локациите на клучните цивилни и воени инфраструктури за да изврши воени напади врз луѓе, без разлика на пол, возраст или статус. ”

Фетосов нагласи дека има многу алтернативи на Вибер за комуникација меѓу луѓе кои се уште, како што нагласи, „непријателот не ги користел за воени цели“.

Слични содржини