Норвешкиот тенисер Каспер Руд изјави дека е задоволен од неговиот настап откако во полуфиналето на Гренд слем турнирот „Ролан Гарос“ го победи Хрватот Марин Чилиќ со 3:6, 6:4, 6:2, 6:2.
„Мислам дека направив одличен натпревар. Не почнав на ниво, но потоа го покажав мојот најдобар тенис оваа година. Не играв против Рафаел Надал, но вредеше да се чека“, изјави 23-годишниот Руд.
„За мене ова ќе биде посебен момент, се надевам малку и за него. Има одиграно многу финалиња, но барем сега ќе се соочи со студент од неговата академија. Треба да биде забавно“, додаде Норвежанецот пред утрешното машко финале во Париз.
„Отсекогаш сонував да стигнам до оваа фаза од мојата кариера. Секако дека ќе се обидам да ја освојам титулата. Ќе се обидам да уживам во финалето. Ќе бидам аутсајдер, но морам да верувам дека можам да победам“, изјави Каспер Руд.