Николоски: Бугарија да собере храброст и да го тргне фамозното вето

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Македонија не напредува во изминативе години, и за жал Македонија стои во место. Причините се најмалце две, една секако е ветото кое што Бугарија го става на европските интеграции на Македонија, изјави денеска од Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Повика „Бугарија да собере храброст и сили“ и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург „да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и Македонија да почне преговори со ЕУ“

– Тоа пред се го заслужуваат граѓаните на Македонија, истакна тој.

Втората причина, според него е застојот во реформите.

– Јасни се барањата на европските институции пред се во делот на владеењето на правото, понатака во борбата со организираниот криминал и корупцијата, и во реформите кои што или не се случуваат или назадуваат, смета потпретседателот на опозициската партија и побара предвремени избори.

Слични содржини