Британската полиција: Инцидентот на плоштадот Трафалгар не е поврзан со тероризам

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Британската полиција денеска соопшти дека инцидентот поради кој накратко беше евакуиран лондонскиот плоштад Трафалгар, во близина на местото каде подоцна ќе се одржат прославите по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, не е поврзан со тероризам.

„Случајот е истражен и откако полицијата презеде акција, немаме повеќе загриженост. Ова нема никаква врска со тероризам“, објави полицијата на Твитер, пренесува „Ројтерс“.

„Инцидентот сега е завршен и плоштадот ќе се отвори во догледно време“, додаде полицијата на Твитер.

Британски „Сан“ објави дека плоштадот Трафалгар бил евакуиран откако на најпознатиот плоштад во Лондон бил откриен „сомнителниот пакет“.

Слични содржини