351
Едноставно јадење со зеленчук и ориз.
Состојки:
– 150 гр ориз
– 300 гр зеленчук по желба (моркови, грашок, слатка пченка, брокула)
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 2 лажици масло
– 1 кафена лажичка сол
– бибер
– 1 кафена лажичка куркума
– 250 мл супа од зеленчук
– пармезан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Се пропржува сечканиот кромид, па се додава лукот на крајот.
Извадете го од шпорет и префрлете го во сад за печење во кој сте полиле малку масло.
Потоа додадете го измиениот ориз, па комбинацијата од зеленчук што сте ја одбрале.
Посипете со супа од зеленчук, додадете куркума, сол и бибер по вкус.
Се пече во загреана рерна додека не ја впие целата течност и не е готово.
Послужете топло и посипете со пармезан.