325
Има поскапувања, но има и задолжувања. И тоа е клучниот парадокс на оваа лоша економска политика што ја води власта, а тоа е дека парите одат во дупка, односно граѓаните не ги гледаат парите вели во интервју за РСЕ, Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ниту се градат автопати, ниту се градат хидроцентрали, ниту се градат мостови, ниту има посериозни инфраструктурни проекти во железницата. Од друга страна, поскапува лебот, брашното, маслото, основните производи и клучното прашање коешто секој обичен граѓанин си го поставува е каде одат парите и тоа е нешто што ние сериозно планираме да го отвориме при расправата за ребалансот на буџетот, затоа што постои една огромна црна дупка, вели Николоски.