233
Западните сојузници мора да разберат дека обезбедувањето тешко вооружување за Украина не е еднократна помош, туку мора да продолжи до победата, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на Украина, Хана Малијар.
„Оружјето веќе почна да пристигнува, но тоа не е доволно за да се пружи доволно силен отпор на руската армија. Секогаш ќе ни треба поддршка, имајќи предвид дека веќе влеговме во долготрајна војна. Западот мора да разбере дека ова не е еднократна помош, туку помош до победата“, изјави Малијар, пренесува Си-Ен-Ен.
„Оружјето веќе почна да пристигнува, но тоа не е доволно за да се пружи доволно силен отпор на руската армија“, нагласи таа.