Повеќе од 100 дена Бербок не го прими на разговор амбасадорот на Киев

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, повеќе од 100 дена од почетокот на војната во Украина, не го примила на разговор амбасадорот на официјален Киев, Андриј Мелник, пишува весникот „Билд“.

„Би сакал шефицата на германската дипломатија да најде време да разговара со амбасадорот на Украина. Ништо не може да го замени разговорот лице в лице“, изјави украинскиот амбасадор Мелник за „Билд“.

Од Министерството посочуваат дека причината поради која не му се исполнила желбата е во различните дипломатски чинови.

Се подвлекува дека министерката Бурбок е во постојан контакт со нејзиниот украински колега, а амбасадорите можат да добијат само средба на ниво на државен секретар.

Другите членови на германската влада, како што се министерот за економија Роберт Хабек, министерот за финансии Кристијан Линднер, министерот за одбрана Кристине Ламбрехт, министерот за транспорт Фолкер Висинг и министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер беа помалку строги во спроведувањето на правилата и го примија амбасадорот Мелник.

Слични содржини