265
Владата сама си направи штета, за да привлече повеќе гласачи на изборите вети дека ќе ја покачи платата на 18.000 илјади, да таа требаше да расте, но не да се покачи веднаш на 18.000 денари вели економистот Бранимир Јовановиќ во „Студио 10“.
Тој појаснува дека покачувањето е добра мерка во оваа ситуација бидејќи кога растат цените мора да расата и платите „за да ги заштитиеме граѓаните“.
-Јавниот долг се намалува, но во иднина владата не ќе може толку лесно и евтино да се задложува, затоа ќе мора да премине на политиката на даночење на богатите и големите фирми за да ги обезбдат парите кои им се потребни, појаснува Јовановиќ.
Тој посочи дека не треба да има дилема дали денарот е стабилен.