Ахмети – Генчовска: Секое одложување на решавањето на спорот оди на штета на бугарската заедница во земјава

од Берта Китинска
264 прегледи

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Теодора Генчовска.

Ахмети и Генчовска разговараа за спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, решение кое ќе и даде зелено светло на нашата земја за почеток на преговорите со Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата изјави дека секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјава. Претседателот Ахмети ги покани бугарските власти да ја зголемат меѓусебната доверба и да работат заедно за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со нашите западни определби.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани.

Слични содржини