265
Состојки:
– 1/2 кг пилешко филе
– 1 зелена салата
– кубети
– 1 црвена пиперка
– 1 жолта пиперка
– 1 мала конзерва слатка пченка
– 0,2 дл павлака за готвење
– сол, бибер
– сенф
Подготовка:
Измијте го пилешкото филе, па исечете го на коцки и пропржете го.
Кога пилешкото е готово, извадете го од тавата, па во истото тавче додадете павлака, сол, бибер и сенф.
Нека се згусне малку и ќе биде прелив за салата.
Измијте ја зелената салата и исечете ги листовите на ленти.
Пченката процедете ја.
Во садот во кој ќе послужите прво ставете одредена количина салата, па пилешко, па пченка, пиперки исечкани на ситни коцки и кубети, па повторно ред салата.
Прелијте ја салатата со преливот.