Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел изјави дека нема големи очекувања за претстојната трка за Големата награда на Азербејџан на улиците на Баку овој викенд. Сепак, Британецот се надева дека „сребрените стрели“ ќе успеат да намалат дел од разликата со Ферари и Ред Бул, но не доволно за да се борат за победа.
„Дефинитивно патеката повеќе ќе одговара на нашиот болид, но мислам дека нашите позиции нема да се променат. Во Монако заостанавме шест десетинки, а очекувањата за Баку ни се за разлика од три десетинки. Тоа би било најдоброто сценарио“, изјави Расел.
Досега од почетокот на сезоната, „Сребрените стрели“ се искачија само на три подиуми, и трите доаѓаат по проблемите за возачите на Ферари и Ред Бул.
Во рангирањето на конструкторите, Мерцедес е на третото место со 134 поени и заостанување од 101 во однос на лидерот Ред Бул.