Песков: Русија никогаш не претставувала закана за Финска и Шведска

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Русија никогаш не претставувала закана за Финска или Шведска, изјави денеска за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Сакам само да ве потсетам на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија никогаш не претставувала никаква закана за Финска или Шведска, исто како што овие земји не претставувале никаква закана за нас. Претседателот Путин го изјави ова неколку пати“, рече Песков.

Портпаролот на Владимир Путин истакна дека Русија никогаш не претставувала никаква закана за Финска или Шведска, како што тие земји не претставуваат никаква закана за нив.

Слични содржини