217
Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) на листата на санкции против оваа земја ги стави Маринко Чавара, претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина и Ален Шераниќ, министер за здравство на Република Српска.
„Етно-националистичките партии не можат да ја компромитираат иднината на Босна и Херцеговина на сметка на нејзините граѓани. Министерството за финансии денеска назначи двајца функционери кои го поткопаа Дејтонскиот мировен договор и демократските процеси во Босна и Херцеговина“, напиша на Твитер американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
На официјалната веб-страница на Министерството за финансии на САД се наведени личните податоци и функции што ги извршуваат Чавара и Шераниќ.