Османи: Посетата на Лавров на Белград ќе го доведеше во прашање самитот на „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski
201 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи повтори дека Македонија е само една од многуте земји што донесе забрана за прелет на руски авиони, како одговор на инвазијата на Украина.

-Сметавме дека и ова барање на Руската федерација се вклопува во општата забрана и не ништо поразлична. Не треба да бидеме недвосмилени во ставот и пораките дека недозволиво е во 21. век да се напаѓаат други независни земји. Ова е однос кон агресијата на Русија врз Украина. Доколку се случеше оваа посета на Лавров на Белград, ќе беше ставено во прашање одржувањето на самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид. Засега сѐ оди според планот, рече Османи во Дневникот на ТВ Сител за забраната за прелет над македонскиот воздушен простор на неговиот руски колега, Сергеј Лавров за најавената посета на Белград.

Османи информира дека „руската агресија не е во основните принципи во кои веруваме и беше важно да се испратат вакви пораки“.

-Немаме најава за повлекување на руските дипломати од земјава, додаде министерот за надворешни работи.

Слични содржини