САД заплени два авиони на Абрамович

од Nikola Popovski
264 прегледи

Американското Министерство за правда нареди запленување на два авиони во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, наведувајќи дека тие биле користени во спротивност со санкциите воведени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Одделението наведува во судските документи дека два авиони, „Боинг 787-8 Дримлајнер“ и млазниот авион „Гулфстрим Г650ЕР“, прелетале над руска територија на почетокот на оваа година, што е во спротивност со контролата на американскиот извоз.

Боингот, кој според судските записи вреди огромни 350 милиони долари, моментално се наоѓа во Дубаи. „Голфстрим“ е во Русија, според судските записи. Според изјавата дадена од агент на ФБИ, Абрамович „ги поседувал и/или ги контролирал Гулфстрим и Боинг преку низа лажни компании“.

Да потсетиме, во април властите во Џерси го замрзнаа имотот вреден повеќе од 7 милијарди долари, за кој постои сомневање дека е поврзан со Абрамович.

Фото: Shutterstock.com.com/Iurii Osadchi

Слични содржини