Бектеши: Можно е повторно да се замрзнат цените на производите

од Nikola Popovski
214 прегледи

Ги знаеме новите цени на производите. Редовно ја следам ситуацијата, иако сум на пат, посебно откако завршија кризните мерки. Цената е зејтинот е 158-160 денари, што е прилично висока. Тоа го кажавме уште од ноевмври, кога почна војната во Украина. Заедно со сите надлежни институции ги следиме производствените цени за тие производи, кои се произведуваат во нашата земја. Немаме влијание кон извозните производи, рече министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека покрај објавување на фирмите што нагло ги зголемиле цените на производите, ќе се донесе заклучок за сите инспектори да излезат на терен и да ги проверат цените.

-Има компании кои вештачки ги качиле цените, дури и за 70%, се со цел да ја искористат кризата на грбот на граѓаните. Ако се здружат одредени трговци и производители за пазарно уредување на цените, значи дека ќе ги донесеме мерките во ограничување на цените и маржите. Тоа од ноември го правиме. До март имавме целосно замрзнување на цените. Од март, за да ги зачуваме работните места, ние дозволивме само за одредени производи да има маржи во трговијата. Сега гледаме дека одредени трговци тоа го злоупотребуваат. Можно е повторно да се замрзнат цените на производите. Ќе ги разгледаме сите податоци, ќе имаме состаноци и кон крајот на неделава ќе одлучиме, информира Бектеши.

Слични содржини