Не знам колку е цената на зејтинот, жена ми се грижи за финансиите, вели Ахмети

од Nikola Popovski
188 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатна емисија бил запрашан колку се збогатил за 20 години, откако е на власт неговата партија. Тој одговорил:

-Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле, добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга, истакнал Ахмети во емисијата „Клик плус“.

Тој го повика водителот да дојде кај него дома и да разговара со неговата сопруга, бидејќи таа водела грижа за финансиите.

-Не знам кога ме прашуваш колку е цената на зејтинот, не знам бидејќи сопругата, од неа слушам, цените растат, не растат, толку чини ова, брашното е толку а било онолку. Јас не се занимавам со ова работа, но колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, зборувајте со банките, правете го транспарентно, информирал Ахмети.

Слични содржини