217
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека бил загрижен до пред партијата да наполни 18 години.
„До кога сум бил загрижен? До моментот кога ДУИ направи 18 години. Кога направи 18 години, ДУИ веќе влезе во полнолетство. Денес ДУИ живее и ќе биде победник и без Али Ахмети и без Артан Груби и без Блерим Беџети, без Изет Меџити и без сите останати. ДУИ се роди и е продолжеток на вековниот отпор на Албанците. ДУИ е темел на ОНА“, рече Ахмети во студиото на ТВ21.
Тој рече дека се уште не го свикал генералниот Совет за да го именувам раководството.
“Потпретседателите и другите функционери. Моментално, функцијата ја вршат избраните“, додаде Ахмети.
Рече дека нема да брзаат со одлуките.