Барел нафта 120 долари, растат цените на житарките

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Цените на нафтата достигнаа 120 долари и полека се враќаат на рекордно ниво.

Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 119 долари, што е раст од околу 1% во однос на вчерашниот ден. Пред три недели барелот поевтини и до 10 долари.

Од утрово поскапуваат и житарките.

Цената на пченицата е 1.093 долари за тон, што е пораст од речиси 5 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 742 долари, што е исто така пораст од околу 2% во однос на вчерашниот ден.

Слични содржини