Двегодишно момче по грешка го застрелало својот татко во американската сојузна држава Флорида, пукајќи од наполнет пиштол што неговите родители го оставиле без надзор, соопштија во понеделникот вечерта локалните власти во САД.
Кога пристигнале во куќата на жртвата во близина на Орландо на 26 мај, полицијата, предупредена од повикот, открила дека мајката Мари Ајала му дава прва помош на нејзиниот сопруг Реџи Мабри.
Полицијата првично мислела дека Мабри (26), кој набрзо починал во болница, се застрелал, но најстарото дете од тоа семејство пред истражителите изјавило дека сторителот е неговиот двегодишен брат, соопшти локалната полиција.
Пиштолот бил во торба која Мабри ја оставил на подот, а детето кога го пронашло пукало во грб на својот татко додека тој играл видео игра на компјутерот, додава полицијата.
Пет членови на семејството, меѓу кои и петмесечната ќерка, биле во иста просторија во моментот на несреќата.
Двајцата родители се на условна слобода поради повеќе кривични дела за занемарување на деца и употреба на дрога, соопшти полицијата, додавајќи дека сопствениците на оружје кои не го чуваат безбедно може да ја доживеат трагедијата што се случи сега.
Вакви несреќи често се случуваат во САД. Во август 2021 година, двегодишно дете зеде оружје оставено во ранец и ја застрела мајка си во глава среде нејзин состанок на платформата Зум.