Ахмети: Украина е блиску, да не бевме во НАТО, како глувци ќе влезевме по дупки

од Берта Китинска
297 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека денеска имаме стабилност и мир поради тоа што сме во НАТО.

„Како глувци ќе влезевме по дупки, еве каде е Украина. Тие ракети не се знае на каде одат. Денес си членка на НАТО. Ако некој те чепне, 30 земји стојат зад тебе, зад нашата република. Ако една земја членка на НАТО е во војна, ти денес имаш обезбедено мир, стабилност и безбедност. А и со решавање на бугарското прашање обезбедуваш иднина. Зборувавме за ова претходно, за тоа кои се предностите од членството на земјата во ЕУ“, вака изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во студиото на ТВ21.

Слични содржини