Радев разговарал со Макрон, очекувал конкретни резултати од С.Македонија

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Претседателите на Франција и Бугарија, Емануел Макрон и Румен Радев доцна синоќа оствариле уште еден телефонски разговор на кој биле разменети позиции за европската перспектива на Република Северна Македонија, пренесе БНТ, цитирајќи го Кабинетот на претседателот на нашиот источен сосед.

Шефот на бугарската држава изразил очекување за конкретни резултати од РСМ во имплементацијата на копенхагшките критериуми за членство, што ќе го унапреди процесот на европска интеграција на земјава.