257
Светските сили не смеат да вршат притисок врз украинскиот претседател Владимир Зеленски да го прифати лошиот мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува „Ројтерс“.
Шефот на британската дипломатија Лиз Трас на владината седница изјави дека Лондон е подготвен за нови санкции против Русија поради нападот врз Украина, додаде портпаролот на Џонсон.
Џонсон рече дека Британија ќе остане на чело на земјите кои ја поддржуваат Украина.