Гувернерот на ЦБ на Црна Гора: „Отворен Балкан“ може да го преплави црногорскиот пазар со работна сила

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Гувернерот на Централната банка на Црна Гора, Никола Фабрис вели дека регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ има многу предности и недостатоци и дека ставот на оваа финансиска институција е дека е потребно да се направи сеопфатна анализа и да се види што е добро за земјата.

Во емисијата „Линк Радио ЦГ“, Фабрис ги наведе полесното патување, пократкиот престој на границите, пристапот до поголем пазар, полесна мобилност на работната сила, а еден од ризиците, како што рече, би бил тоа црногорскиот пазар да биде преплавен со работна сила.

„Имаме ризик од негативно влијание врз одредени сектори во економијата, постојат одредени ризици тоа да се третира како замена за ЕУ, затоа сметаме дека не е добро да се лицитира, туку да се анализира и да се одлучи што е добро. а што не е за Црна Гора“, рече тој.е Фабрис.

Во Охрид денеска почнува дводневен самит на членките на Отворен Балкан, на кој,покрај претставниците на земјите-членки, како гости ќе присуствуваат и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Слични содржини