Тегелтија: БиХ сака да биде дел од „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski
330 прегледи

Претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија денеска во Охрид изјави дека БиХ е набљудувач на самитот „Отворен Балкан“, но оти очекува Претседателството на БиХ наскоро да донесе одлука за приклучување кон иницијативата.

„Тука сум затоа што знам дека речиси целата бизнис заедница во БиХ сака да биде дел од проектот Отворен Балкан, а повеќето политичари, а камоли субјекти се решени да се приклучат на овој проект. Тука сум да им ја пренесам пораката на членовите на Отворен Балкан дека БиХ се подготвува и сака да стане членка што е можно поскоро“, изјави Тегелтија за Радио телевизија Република Српска (РТРС).

Тој посочил дека минатата недела го повикал Претседателството на БиХ да донесе одлука за приклучување и оти се надева оти оние членови на Претседателството кои се против ќе го променат своето мислење и ќе разберат колку овој проект е важен за бизнис заедницата и граѓаните на БиХ.

Слични содржини