Трифонов за палењето на клубот: Со омразата, се палите себеси

од Nikola Popovski
244 прегледи

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов го коментираше палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, како и тензиите во бугарско-македонските односи.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

„Стана јасно кој е пироманот на Бугарскиот културен центар. Станува збор за 34-годишен машки пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото.

Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Македонија почнаа да објавуваат фотографија од Ламбе, придружена со текст: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“.

Сега. Од сета оваа одвратна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна лекција. Ќе ви кажам што е таа.

Во раните утрински часови на 4 јуни Ламбе отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете.

Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со тоа што не мразите, се палите себеси“, напишал лидерот на ИТН.

Партијата на Трифонов е една од четирите партии во бугарската влада.

Слични содржини