Украинка тврди: Русите убија свој војник оти сакаше да ме спаси мене и мајка ми

од Nikola Popovski
259 прегледи

Ирина (52) и Каролина Перлифон (29), мајка и ќерка од Украина, се обиделе да побегнат во февруари кога Харков бил нападнат. Каролина наведува дека кога двајца руски војници им понудиле помош и се обиделе да ги скријат, нивните колеги пукале во нив. Каролина вели дека руски војници убиле еден од нивните колеги кој се обидел да им помогне, пренесува британски „The Sun“.

Покрај рускиот војник, убиена е и мајката на Керолин. Била погодена во главата и починала во рацете на нејзината ќерка. Еден руски војник преживеал, но со тешки повреди. Повредена е и Каролина.

Смртта на нејзината мајка се истражува како воено злосторство, пишува „The Sun“.

„Мајка ми возеше автомобил, почна да ја фаќа паника. Застанавме и видовме двајца руски војници. Се плашевме од најлошото, но тие всушност ни помогнаа. Не скрија во близина на гаража, останаа со нас 15 минути, но ги забележала друга група војници која почнала да пука. Еден војник ги молеше да не пукаат и почна да плаче. Имаше голема врева и викање. Слушнав само истрели, крв имаше насекаде. Бев ранета, а кога ја видов мајка ми почнав да се тресам. Куршум заврши во нејзината глава, таа беше мртва. Бев преплашена, не можев да верувам што се случува“, изјавила Каролина за „The Sun“.

Таа побегнала, но пукањето продолжило. Успеала да го стави повредениот Русин во автомобилот за да побегнат.

„Никој не го заслужува ова. Се обидувавме да извлечеме. Животот ми беше уништен“, изјавила 29-годишната Украинка.

Генералот Зеленов Евгениј Александрович е обвинет за воени злосторства бидејќи им наредил на војниците да пукаат во цивили. По него е распишана меѓународна потерница.

Слични содржини