Јужна Кореја, САД и Јапонија ја критикуваа Северна Кореја и повикаа на разговори

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Неодамнешниот севернокорејски ракетен тест беше сериозна провокација, изјавија високи претставници од Јужна Кореја, САД и Јапонија и го повикаа Пјонгјанг да се врати на дијалогот и да ја прифати понудената помош во борбата против Ковид-19, пренесува Н1.

Заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Чо Хјун-донг, заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман и јапонскиот заменик-министер за надворешни работи Такео Мори ја дадоа изјавата на состанокот во Сеул три дена по најновиот ракетен тест извршен од Северна Кореја.

На трилатералната средба на дипломатите од второ ниво, прва по ноември, беше истакнато дека интензивирањето на тестирањето на оружјето што го спроведува Северна Кореја е сериозен проблем кој мора итно да се реши.

Официјални претставници на САД и Јужна Кореја изјавија дека Северна Кореја е подготвена за првиот нуклеарен експеримент од 2017 година, за кој Шерман рече дека ќе предизвика силен и јасен одговор.

Слични содржини