289
Во Анкара денеска започнаа разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.
Се очекува главна тема на разговор да биде извозот на житарки од Украина, изгледите за продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина, како и плановите на Турција да започне нова воена операција во северна Сирија, пренесува ТАСС.
Разговорите се водат во претседателската палата и се затворени за новинари. Во текот на денешниот ден се очекува да се одржи заедничка прес-конференција.