Абазовиќ кон Ковачевски: Сакаме да слушаме аргументи за „Отворен Балкан“

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Охридските средби ќе им помогнат на земјите од регионот да се приближат во изнаоѓање заеднички јазик и да го зајакнат политичкиот и економскиот дијалог. Сакаме да ги слушаме аргументите за Отворениот Балкан и да се однесуваме одговорно кон нив, во согласност со националните интереси на нашата земја.

Како што соопшти Кабинетот на Абазовиќ, ова било констатирано на билатералната средба меѓу премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски на маргините на Самитот на Иницијативата за „Отворен Балкан“ во Охрид.

Абазовиќ истакна дека добрососедската политика е еден од темелите на црногорската надворешна политика и затоа Црна Гора учествува како набљудувач, обидувајќи се да даде дополнителна вредност на помирувањето и подобрување на соработката во регионални рамки.

„Заблагодарувајќи му се на премиерот на Црна Гора, премиерот на Македонија, Ковачевски посочи дека „Отворени Балкан“ не е направен за политичари, туку за граѓани и компании од Западен Балкан. Соговорниците се согласија дека односите меѓу двете земји можат да послужат како пример на добрососедски и пријателски односи на Западен Балкан кој се стреми кон помирување и европска интеграција“, се вели во соопштението.

Слични содржини