Малициозни се коментарите од страна на ВМРО, анализите за новите идеи за решавање на предизивците со енергетиката, не беа направени од РКЕ тие беа направени од страна на професори од Машински и Електро факултетот, вели во гостувањетео во „Студио 10“, преседателот на Регулаторна Комисија за енергртика Марко Бислимоски.
На коментаѐрот на водителот дека дел од професорите се од советници на ВМРО, Бислимоски кусо одговри „На би навлегол“.
Основна цел е со овој распоред на блоковите да има поголем број на домаќинства кој споредено со постоечката одлука би им се намалиле трошоците, вели Бислимоски .
„87 проценти од домаќинствата каде што ќе бидат имплементирани овие блокови, во зимските месеци би имале намалени трошиоци за електрична енергија, додека во летните месеци тоа би изнеусвало 92 проценти. Тоа беше основната цел на професорите и тие врз основа на тоа ги проектираа блоковите како што се сега,“истакна Бислимоски.
Од Регулаторната Комисја велат дека за периодот на важење на евтина тарифа нема да постојат блокови. Тогаш потрошувачката е гарантирана и нема зголемување.
„Од 22 навечер до 7 наутро и цел ден во недела блоковите нема да постојат за ефтина тарифа. Овие блокови се за потрошувачка во скапа тарифа од 7 наутро до 22 часот“, вели првиот човек на РКЕ.
Целта е преку блоковите кои се привремена мерка да дадеме сигнали до тие потрошувачи кои имале висока поторшувачка да ја намалат и да ги намалат трошоците. Факт е дека имаме тренд на намалување на домашно производоство.