Арсовска вели дека не одбила интервју, „Локално“ чека одговори на прашања еден месец

од Берта Китинска
245 прегледи

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје пред новинарите рече дека досега нема одбиено интервју и дека секој може да побара одговри од Градот.

-Да имавме проекти секој ден ќе ве викавме, но за жал некој оставил град без проекти, кажа таа.

На рекацијата од новинрите дека тие испраќаат прашања , но не добиваат одговор, Арсовска рече: „Ние интервју не сме одбиле, имаме комуникација со медиумите“.

Редакцијата на „Локално“ пред еден месец до градоначалничката на Град Скопје испрати барање и прашања за интервју на кои се уште немаме добиено одговори:

Oва се прашањата кои беа испратени до Арсовска:

Се навршуваат 6 месеци откако застанавте на чело на Градот. На што најмногу посветивте време во овој период и што е засега вашето најголемо достигнување?
Веќе најавивте кривична за вашиот претходник Шилегов за незаконско трошење пари од градскиот буџет. Од она што го гледате „одвнатре“, треба ли да очекуваме повеќе кривични за минатото раководство?

Настрана политичките игри и препукувањата, кои се итните проблеми кои треба да се решат во Градот, кои можеби се одолговлекуваат со години, а кои се од итна потреба на граѓаните?

Пред два месеци соопштивте дека општините се „дават“ во долгови, побаравте помош од владата и дури најавивте контра-мерки доколку не ја добиете. Како моментално се снаоѓа Градот во услови на економска криза? Дали можеби планирате кратења во одредени сектори?

Ве обвинуваат дека барате пари од централната власт за долгови, но дека договорите за привремени вработувања во претпријатијата под ваша надлежност се делат на „ангро“ за членови на партијата, која ви даде поддршка за изборите. Колку од ова е вистина?

Од власта често преку прес-конференции велат дека не се снаоѓате на чело на Градот, дека нема проекти, дека и проектите кои се започнати ги стопирате. Засега комуницитрате со граѓаните само преку одредени медиуми, а останатите ги обвинувате за пристрастност и дека водат „хајки“ против вас. Дали и вие, како некои политички субјекти, ги делите медиумите на „ваши“ и „наши“? Колку тоа е правилна стратегија за теми кои се важни за сите граѓани на Скопје?

БРТ системот претрпе неколку пресвртници во однос на тоа дали ќе се спроведе. Прво највивте негово укинување, па референдум, па неодамна зборувавте за преговори со ЕБОР, кој го финансира проектот. Што се случува со овој „проект на Шилегов“?

Бесплатниот јавен превоз се чини е еден од проектите кој им беше „најзвучен“ на граѓаните и многумина се надеваа дека тоа досега ќе се спроведе. ЈСП многумина го посочуваат како „црна дупка“ која служи само за опслужување на партиските војници. Како досега тече „реформата“ на ова Јавно претпријатие? Дали е можно такво нешто во сегашната ситуација?

Познато ли е кој ќе биде наследник на сегашниот в.д. директор Илиевски?

Од симбол на Градот до „лузна“ на Скопје, Универзална сала буди многу позитивни сеќавања на старите скопјани, кои, барем повеќето, се чини ви замеруваат за сегашната состојба во која ја гледаат. Познато е дека се спротиставивте поради проблеми со безбедноста на проектот, веројатно и затоа што е започнат од вашиот претходник. Ќе ја видиме ли Универзална во вистинско светло до крајот на вашиот мандат и ако „да“, како планирате да и го вратите стариот сјај?

Актуелно е барањето за предвремени парламентарни избори. Ваш став околу ова прашање? Дали се потребни сега избори во период на зголемена инфлација, енергетска и економска криза или потребно е стабилизирање на ситуацијата?

Како го гледате Скопје за 5 години, односно по истекот на вашиот мандат?