Пристигнуваат нови детали за страшната несреќа во Берлин во која маж со своето возило влета во толпа луѓе и во таа прилика уби едно лице. Првично беше објавено дека се повредени најмалку 30 лица, но сега таа бројка е многу помала.
Според последните информации осум лица се повредени, што е многу помалку отколку што првично објавија германските медиуми.
„Билд“ објави дека е уапсен 29-годишен маж кој управувал со рено клио. Тој наводно е Германец со ерменско потекло кој живее во Берлин.
„Билд“ објави и информации за жртвата. Германскиот медиум пренесе дека загинала наставничка која била на излет со група ученици.
Инаку, уапсениот прво удрил во луѓе, а потоа продолжил да вози и удрил во излог. Полицијата се уште не знае и не сака да шпекулира дали се работи за несреќен случај или планиран напад.