Гојковиќ: Културата е најдобар мост за разбирање на различностите

од Берта Китинска
211 прегледи

Српската вицепремиерката и министерка за култура Маја Гојковиќ, истакна дека „Отворен Балкан” е регионална иницијатива која во краток рок ја покажа својата вредност и ја оправда идејата-водилка на лидерите на држави кои ја иницираа, затоа што тоа го подобрува животот на граѓаните и придонесува за остварување на европските интеграции на земјите.

„Ова е право време во иницијативата активно да се вклучи и културата, како област која ги зближува поединците и општествата. Културата отсекогаш е најдобар мост за разбирање на различностите и афирмација на различностите. И затоа од голема важност е тоа што по другите области од денеска и културата ќе дава силно и препознатливо поттикнување на пријателските односи на земјите кои ја поддржуваат оваа Иницијатива”, порача министерката за култура на Република Србија.

Министерките на лидерите на иницијативата Отворен Балкан споменаа и конкретни области на соработка во областа на театарската и филмска уметност, како и интернет платформите.

На панел-сесијата, на која земаа учество и културни работници кои споделија свои позитивни искуства за соработка меѓу земјите од регионот, предлагајќи и конкретни идеи за во иднина, беше заклучено дека Меморандумот за соработка кој ќе биде потпишан денеска, ќе даде рамка за соработка и промоција на разновидноста на културите и творештвата на земјите и ќе придонесе за доближување на уметничките достигнувања пред сè до помладата публика.

Слични содржини