Apple Studios потврди дека компанијата ги добила правата за снимање филм за Формула 1, со холивудската ѕвезда Бред Пит, а продуцент ќе биде 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон.
Сценариото го напишал Арон Кругер, а ќе го режира Џозеф Косински. Двајцата работеа заедно на продолжението на хитот „Top Gun“ од 1986 година – „Top Gun: Maverick“, кој сега се прикажува во кината ширум светот.
Новиот Формула 1 филм допрва треба да биде именуван, а Бред Пит ќе игра пензиониран возач кој се враќа на патеката за да вози со дебитантскиот тимски колега и двајцата се борат со фаворитите во шампионатот.
Apple have acquired the rights to an untitled F1 film starring Brad Pitt 🍿
The movie is set to be directed by Joesph Kosinski (Top Gun: Maverick), with Lewis Hamilton producing 🎬
(h/t @FOS) pic.twitter.com/cjfBXEVbGG
— ESPN F1 (@ESPNF1) June 8, 2022
Покрај Хамилтон, меѓу продуцентите на филмот се и компанијата на Бред Пит Plan B Entertainment, која го создаде зомби хитот „World War Z“, како и Џери Брукхајмер и Чад Оман, кои покрај „Top Gun“ работеа и на серијалот „Pirates of the Caribbean“. „Сè уште не е познато дали Хамилтон ќе игра улога во новиот проект.
Бред Пит веќе покажа сериозен интерес за мотоспортот. Во 2016 година, тој го вееше знамето на почетокот на „24 часа Ле Ман“ и работеше неколку години на проект за филм посветен на американската легенда Карл Шелби – овој проект подоцна стана веќе популарниот „Ford v Ferrari“ со Мет Дејмон, кој ја играше улогата на Шелби.