Ордановски: САД во јули и август директно ќе се вклучат во решавање на спорот со Бугарија

од Nikola Popovski
254 прегледи

Владата во Софија паѓа од различни причини, од кои што едната е Македонија. Тоа покажува активност во позадина. Не сум оптимист дека во оваа фаза тоа ќе се реши, додека не се нафати најважната членка на ЕУ, САД во решавање на проблемот, а мислам дека тоа следува во јули и август, вели новинарот Сашо Ордановски за напуштањето на партијата на Слави Трифонов на бугарската влада.

Според него, се дава простор на Франција и Макрон да се обиде до крај да го реши проблемот.

-Сепак, тоа ни одговара. Ако треба Макрон да биде гарант на тоа, мислам дека треба да бидеме внимателни, бидејќи од Франција не сме добивале добра енергија. Кога ќе се погледа поширокиот контекст, дека Петков е американски проект, кога ќе се погледне дека ова не е само американска иницијатива за спорот, туку и за многу покрупни работи, тогаш нив ги чека голема работа, во претстојните месеци. Војната во Украина покажа дека кога имате членка на ЕУ и НАТО со такви проблематични внатрешни ставови (Бугарија), тогаш мора да интервенираат. Ќе се средуваат и други работи. Во Бугарија не е расплетот не е само за Македонија, туку паѓа една структура поврзана со Русите, рече Ордановски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини