Јас не сум по обложувањето, јас сум по работењето. Се додека постои и најмала шанса, јас ќе продолжам да работам. Од тука заминувам за Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, вели еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за тоа дали има шансите на Македонија на претстојниот самит на ЕУ за две недели.
Тој информира дека работат заедно со француското претседателство.
-Сакам да ви кажам дека ние нема да оставиме непревртен ниту еден камен за да дојдеме до решение. Франција е посветена. Претседателот Макрон е лично ангажиран во ова. Секој сака резултат, кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и да ја одржиме Првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на С. Македонија кон ЕУ, рече меѓу другото Вархеји во интервју за ТВ Сител.