На Балканот се шверцува оружје наменето за Украина, тврди Захарова

од Nikola Popovski
253 прегледи

Западните земји го игнорираат фактот дека испораките на оружје за Украина сигурно ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје во Западна Европа, а дел од оружјето за Украина веќе е прошверцувано во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, предупреди портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

„Тие веруваат дека ова е билет во еден правец, веруваат дека сега се ослободуваат од застареното оружје што го испраќаат во Украина или во трети земји. Сепак, тие забораваат дека пратките со оружје испратени во Украина ќе доведат до проширување на црниот пазар на оружје, особено во Западна Европа (и на Балканот)“, рекла Захарова, пренесува ТАСС.

Според неа, властите на земјите снабдувачи засега молчат по ова прашање, но независните експерти и релевантните структури, како што е Интерпол, веќе „алармираат“.

Слични содржини