Милевски: Потребен ни е исполнет стадион за да ја победиме Грузија

од Nikola Popovski
301 прегледи

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на официјалната прес-конференција во пресрет на денешниот натпревар против Грузија ги сподели своите очекувања за мечот од трето коло од групата во Лига на нации.

-Овој период е таков каквов што е. Не може да бараме натпреварувачка форма од играчи кои се надвор од форма. Не гледам ништо поразлично од претходните два меча. Се што е поминато е историја, секој нареден меч е следниот предизвик и шанса за нова победа. Ќе се потрудиме да бидеме подобри утре во одмос на претходните два меча. Има разлика од оваа Грузија во однос на Грузија од нашите минати дуели. Имаат нов селектор, нова визија, нема ништо слично од она што беше и ова што не чека. Не се оптеретуваме многу од важноста на утрешниот меч. Да се даде максимумот и да се постигна успех, изјави Милевски.

Тој побара исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул.

-Поддршката ни е многу потребна. Победата од 5:2 над Бугарија може и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашио со Бугарија и оној нивниот. Секако, го анализирав и не само тој туку и претходиоте дуели. Одличен тим, одлични индивидиалци. Одличен меч со Бугарија одиграа но секој меч е различна приказна. Ќе видиме што ќе се случи утре, информира Милевски.

Селекторот истакна дека историскиот меч во Грузија (кога оезбедивме пласман на Европското првенство во 2021) нема никаква конекција со овој сега.

-И како тим и како индивидиално  Грузија има квалиотет кој ако им го дозволиое да го покажат ќе знаат да бидат опасност. Но за тоа треба да им се дозвволи такво нешто а Македонија е таа која се прашува на утрешниот меч, порача Милевски.

Слични содржини