Адвокатите на Џони Деп сугерираа дека актерот би можел да се откаже од отштета од 8 милиони долари што требаше да му ја плати неговата поранешна сопруга Амбер Херд по поразот во судењето – сега кога неговата репутација е вратена.
Адвокатите на Деп се појавија во неколку емисии за да ги негираат тврдењата на Амбер Херд дека судењето било нефер.
Камила Васкез и Бенџамин Чу се појавија во шоуто „Today“, „Good Morning America“, а потоа и на мрежата „Law and Crime“ која го следеше судењето без прекин.
Рекоа дека Џони е среќен што победил и дека „вака не се насмеал шест години“ – од кога почнале неговите проблеми со Херд.
Тие, исто така, го осудија тврдењето на актерката дека го изгубила судењето затоа што тој е помоќен и попопуларен од неа, велејќи дека е целосно неточно тоа што социјалните мрежи играле улога и тврделе дека поротата едноставно не ја сакала затоа што таа – за разлика од Џони – „не презеде одговорност за ништо“.
EXCLUSIVE: Johnny Depp’s attorneys, Camille Vasquez and Benjamin Chew, tell @savannahguthrie Johnny Depp felt “relief” after the verdict in his trial against Amber Heard.
“He's got his life back." pic.twitter.com/gtYozShSZw
— TODAY (@TODAYshow) June 8, 2022
Адвокатите тогаш сугерираа дека актерот може дури и да се откаже од отштетата од 8 милиони долари што судот ѝ нареди на Амбер да му ја плати. Нејзините адвокати рекоа дека не може да си го дозволи тоа и ги открија плановите за жалба вчера.
На прашањето дали ќе се откаже од пресудата или не, адвокатите на Деп рекоа: „Ова никогаш не беше за пари за г-дин Деп. Се работеше за враќање на неговиот углед и тој го направи тоа“.
„Моето чувство е дека сето ова имаше многу врска со одговорноста. Џони имаше свои проблеми, беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата, беше искрен за некои несреќни текстови што ги напиша и мислам дека тоа беше остар контраст со Амбер Херд, која не изгледаше така, или поротата можеби сфатила дека таа не сносела одговорност за ништо“, рече Чу.
„Таа имаше одговор за се и не презеде одговорност за ништо. Мислам дека тоа направи разлика“, додаде тој.
Васкез објасни дека „клучот за победата беше да се фокусираме на фактите и доказите и можноста Џони да ја каже вистината за прв пат“.
„Пресудата зборува сама за себе“, заклучил Васкез за „Good Morning America“.