Раководството на Челси има доста сериозни финансиски побарувања против Интер во врска со привлекувањето на Ромелу Лукаку назад на Џузепе Меаца, информира денеска англискиот печат.
Лондончани побарале од „нероазурите“ да платат 20 милиони фунти за да го ангажираат напаѓачот на една сезона. Засега не добиле дефинитивен одговор на овој предлог, но се преговара во повеќе области.
Пред неколку дена различни извори објавија дека Лукаку е подготвен сериозно да си ја намали платата за да се врати во Интер.
„Сините“ прашале и за можноста да го привлечат Милан Шкрињар, бидејќи засилувањето во одбраната е главен приоритет за Томас Тухел. Одговорот што ќе го добијат е исто така важен и може сериозно да влијае на шансите на белгискиот напаѓач да се врати во Италија.