Големиот индустриски рудник за злато Карма во Буркина Фасо бил нападнат во текот на ноќта, при што загинале еден војник и еден цивил, соопштија од рудникот.
Службеник на рудникот бил прекинат телефонски во денешна изјава, пред да соопшти повеќе дополнителни детали, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од безбедносните структури на Бурикина Фасо.
Околу 200 непознати напаѓачи пристигнале пред зори, а два други извора рекле дека нападот на крајот бил одбиен, додава „Ројтерс“.