ЕП бара Украина, Молдавија и Грузија да добијат статус на кандидати за членство во Унијата

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Лидерите на политичките групи на Европскиот парламент ги повикаа лидерите на земјите-членки да донесат позитивна одлука на самитот на 23 и 24 јуни за барањата на Украина, Молдавија и Грузија да се приклучат на Европската унија и да ја задржат посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан.

Во заедничката изјава, лидерите на политичките групи во ЕП ја повикаа ЕУ да „покаже храброст, решителност и визија во контекст на бруталната војна за агресија против Украина“ и да биде „доверлив партнер и кредибилен геополитички актер“ во солидарност со оние кои се залагаат за истите идеали.

„Украинските граѓани сакаат да живеат во слободна, демократска и просперитетна земја која е горд и посветен член на европското семејство. Овие аспирации ги делат народите на Грузија и Молдавија и земјите од Западен Балкан, чии очекувања не треба дополнително да се игнорираат“, се вели во изјавата на лидерите на ЕП.